Дома Фудбал Останато Роберт Просинечки пред нов тренерски ангажман

Роберт Просинечки пред нов тренерски ангажман

„Спорт Клуб“ повикувајќи се на сигурни извори пренесува дека поранешната голема ѕвезда на југословенскиот фудбал, Роберт Просинечки ќе го преземе клубот кој неодамна го водеше и Александар Васоски, босански Сараево.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Претседателот на Сараево Исмир Мирвиќ и Роберт Просинечки имале средба на која ги договориле условите, а потврдата за ангажманот на Просиниечки би требало да пристигне во петок.

Дали Просинечки во Сараево ќе биде доволен за пласман во Европа, останува да видиме во пролетниот дел од сезоната.

Сараево моментално е на петтото место во Премиер лигата на Босна и Херцеговина, со 25 бода, четири помалку од Железничар, првиот тим на позицијата што води во Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Милан го победи Наполи во трката за дефанзивецот на Лацио

Милан постигна договор со Лацио околу доведувањето на дефанзивецот Марио Хила, известуваат…