Роберто Фирмино на крајот на минатата сезона го напушти Ливерпул каде што играше осум години и сега е во потрага по нов клуб, а како што стојат работите блиску е да го пронајде.
Се поврзуваше Фирмино со Јувентус, Милан, МЛС, меѓутоа изгледа и тој ќе се упати по милионите во Саудиска Арабија. Интерес за Фирмино покажал, Ал Ахли кој експресно се врати од Втората лига откако во минатата испадна.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ал Ахли за Фирмино испратил понуда за тригодишен договор, а Бразилецот за тој период би заработил 60 милиони евра. Медиумите пренесуваат дека трансферот е блиску до реализација и само лекарските прегледи го делат Фирмино од Ал Ахли каде што неодамна премина голманот на Челзи Едуар Менди.
Во Саудиска Арабија претходно пристигнаа Карим Бензема, Канте, Кулибали, Рубен Невеш, а блиску се и Хаким Зијеш и Марсело Брозовиќ, сигурно дека во наредниот период ќе има и нови европски ѕвезди кои ќе потпишат за клубовите од оваа земја.