Дома Фудбал Репрезентации Роберто Манчини го продолжи договорот

Роберто Манчини го продолжи договорот

Италијанскиот сојуз потврди дека Роберто Манчини ќе биде селектор на Аѕурите и во наредните пет години.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Манчини го продолжи договорот до 2026. година, што значи уште три квалификациски турнири и три големи натпреварувања.

Во Италија се задоволни од работата на Манчини и резултатите кои ги покажа во досегашниот ангажман.

Па така, Манчини покрај Европското првенство ова лето и квалификациите за СП 2022, ќе биде селектор и во квалификациите за ЕП 2024 и за Мундијалот 2026. година.

Оваа вест ја потврдија водечките италијански медиуми, а тамошната јавност очекува Манчини ова лето да ја однесе Италија до самата завршница на ЕП.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Вардар ќе биде ослабен против КуПС!

Вардар утре ќе го одигра реваншот против фински Купс во првото квалификациско коло од Лига…