Славниот бразилски фудбалер Роберто Карлос освен што зад себе има голема кариера на фудбалските терени имаше и бурен љубовен живот.
Карлос двапати се венчаше, меѓутоа имаше повеќе љубовни афери од кои доби дури 11 деца од седум различни жени.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Разговарајќи на оваа тема со медиумите тој истакна дека не ги знае имињата на сите љубовници.
„Се венчав само двапати, но не ги знам имињата на сите жени со кои имав деца“, изјави Карлос.
Првпат Карлос се венчаше со Александра Пинеиро и тој брак траеше до 2003 година, за потоа да се венча со Мариана Лукон.