Дома Трансфер зона Робен останува во Европа: Доби понуда која тешко може да ја одбие

Робен останува во Европа: Доби понуда која тешко може да ја одбие

Арјен Робен по десет години ќе ги напушти редовите на Баерн Минхен.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Искусниот 35-годиен фудбалер не го продолжи договорот и тој ова лето е слободен играч. Иако веќе е во доцните играчки години, многу тимови со задоволство би го виделе во своите редови, а меѓу нив е и португалскиот шампион Бенфика.

Робен доби многу интересна понуда од Бенфика. Наводно, таа е многу интересна и на крајот Холанѓанецот кариерата би можел да ја продолжи во овој тим. Понудата од португалскиот шампион е многу атрактивна. Робен би имал шанса и понатаму да игра на високо ниво, Лигата на Шампионите се уште е голем предизвик и ќе видиме дали на крајот ќе се одлучи на овој трансфер.

Се разбира, има уште неколку клубови кои го сакаат. Ајакс е еден од нив, но амстердамскиот тим се уште не испратил официјална понуда, а се споменува и заминување во САД.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…