Дома Фудбал Германија Робен демантира: Изјавата за Анчелоти е измислена од медиумите!

Робен демантира: Изјавата за Анчелоти е измислена од медиумите!

Холанѓанецот, Арјен Робен, тврди дека изјавата за Карло Анчелоти која неоадмна се појави во медиумите е измислена.

Во текот на вчерашниот се појави изјава која наводно дал Робен и во која тврди дека тренинзите во младинскиот тим на Баерн се многу подобри од оние на Карло Анчелоти.

Меѓутоа, набрзо следуваше демант, Робен тврди дека тоа не е вистина и дека никогаш не би изјавил такво нешто за негов поранешен соиграч или тренер.

„Тоа се целосни лаги. Јас никогаш не сум изјавил такво нешто. Никогаш не би си дозволил себе си да зборувам со такви зборови за поранешен соиграч или тренер. Неверојатно е што се луѓето објавуваат“, изјави Робен.

Но од друга страна, не е тајна дека Анчелоти не беше омилен помеѓу многумина, посебно кај поискусните првотимци во редовите на Баерн, а Италијанецот доби отказ после тешкиот пораз од ПСЖ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Арена Спорт лансира нов канал: Спорт за деца и млади

Арена Спорт најави нов канал посветен на спорт за деца и млади, прв од ваков вид во регион…