Дома Македонски спорт Мак ракомет РК Бутел се засили со голман од Еурофарм Пелистер

РК Бутел се засили со голман од Еурофарм Пелистер

Филип Ивановски (28/190/85), кој досега го чуваше голот на Еурофарм Пелистер, е нов голман на Бутел Скопје.

Тој потпиша договор на една сезона со Бутел со можност соработката да биде продолжена на уште една сезона.

„Раководоството и стручниот штаб имаат сериозен и професионален пристап кој дава големи резултати, па Бутел секоја година се повеќе расте и се развива и станува клучен фактор во македонскиот ракомет. Со доаѓањето и играњето во овој клуб очекувам да ги покажам и надградам своите квалитети и заедно како колектив да напредуваме уште повеќе.

Што се однесува до македонското првенство очекувам борба за врвот, а со тоа повторно излез на европска сцена, додека што се однесува до европските натпревари со добра ждрепка и малку среќа мислам дека можеме и до групна фаза“, вели Ивановски

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Лазаров избра: Ова е тимот со кој одиме против Словачка! (Фото)

Ракометната репрезентација на Македонија вечерва (19 часот) во Прешов го почнува баражот п…