Дома Трансфер зона Ричарлисон: Имав понуди од Барселона и Манчестер Јунајтед

Ричарлисон: Имав понуди од Барселона и Манчестер Јунајтед

Напаѓачот на Евертон и бразилски репрезентативец, Ричарлисон потврди дека во јануари имал понуди од Манчестер Јунајтед и Барселона, но „карамелите“ не сакале да се разделат со него.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во јануари англиските медиуми тврдеа дека „црвените ѓаволи“ се спремни да платат 70 милиони евра за потписот на Бразилецот, но Карло Анчелоти го блокирал трансферот.

Од „Камп Ноу“ дури предложиле и повисока понуда, од 85 милиони евра бидејќи сакале да го донесат Ричарлисон како замена за Луис Суарез, но и таа понуда била одбиена.

„Имав понуди од Манчестер Јунајтед и Барселона. Меѓутоа , клубот сакаше да ме задржи, а и јас не сакав да заминам на средина од сезоната. Лошо е да ги оставиш соиграчите на половина пат“, изјави Ричарлисон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…