Дома Фудбал Англија Ричарлисон: Ван Дајк веќе го издриблав, тројца стопери се подобри од него

Ричарлисон: Ван Дајк веќе го издриблав, тројца стопери се подобри од него

Ѕвездата на Евертон, Ричарлисон тврди дека во светот на фудбалот во овој момент постојат тројца подобри стопери од Вирџил Ван Дајк кого многумина го сметаат за најдобар централен дефанзивец на денешницата.

Ван Дајк долго време важеше и за стопер кој е невозможно да се издрибла, сепак токму Ричарлисон е еден од малкумината на кои во меѓувреме им успеа тоа.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ливерпул во продолжение од сезоната ќе го продолжи походот кон титулата со дербито против Евертон кое е закажано за во недела. Иако Ван Дајк има клучна улога во успехот на Ливерпул сепак Ричарлисон смета дека не се издвојува многу од другите.

„Луѓето многу зборуваат за него. Да, тој е одличен дефанзивец, но јас веќе го издриблав…Избран меѓу тројцата најдобри играчи во светот и имаше одлична сезона. Но за мене постојат тројца подобри дефанзивци. Тоа се Тиаго Силва, Маркињос и Серхио Рамос“, изјави Ричарлисон.

Евертон и Ливерпул ќе играат во недела од 20:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …