Репрезентацијата на Швајцарија синоќа ја совлада Србија со 2:1 по пресвртот во второто коло од групната фаза на Светското првенство.
Швајцарците во второто полувреме успеаа да дојдат до голем пресврт и така да дојдат на чекор до пласман во осмина финалето. Многу прашина крена синоќешниот натпревар поради Џака и Шаќири кои ги постигнаа головите во големата победа на Швајцарија.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Многумина им замерија на играчите што головите ги славеа покажувајќи албански орел и алудирајќи на тоа дека се потекло од Албанија, односно Косово. Ова особено им сметаше на јавноста во Србија, но многу критики ова дуо доби и од Швајцарија.
Сепак, имаше и такви кои се горди на Џака и Шаќири што ги прославија головите на овој начин, а една од оние кои се огласи е популарната пејачка Рита Ора. Познато е дека она има потекло од Албанија, а преку Инстаграм објави дека е горда што Џака и Шаќири на тој начин ги прославија головите.