Дома Македонски спорт Ристовски за навредите од навивачите на Ријека: Јас гинам за дресот кој го носам

Ристовски за навредите од навивачите на Ријека: Јас гинам за дресот кој го носам

Во овој преоден рок македонскиот репрезентативен бек Стефан Ристовски се пресели в о Динамо Загреб.

После ваквиот трансфер Ристовски доби голем број навреди, посебно од навивачите на Ријека каде што играше од 2015 до 2017 година. Ристовски беше еден од омилиените фудбалери на на Ријека која во 2017 година ја освои двојната круна после доминацијата Динамо Загреб.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Работите и односот на фановите на Ријека кон Ристовски се промени кога тој зимава потпиша за тимот од Загреб. За Динамо македонскиот фудбалер дебитираше со црвен картон, но во минутите кои ги помина на теренот покажа дека може да биде големо засилување.
За хрватските медиуми Ристовски зборуваше за неговото деби.

„Навистина беше непримерно, добив многу навреди, но јас каде и да играм гинам за дресот кој го носам. Таков сум по карактер. Во Ријека имав убави моменти и ги почитувам сите тие луѓе. Тој период ми беше можеби и најдраг во кариерата, се надевам дека сега и со Динамо ќе имам такви моменти“.ж

Медиумите на Ристовски му извадија изјави и видеа кои се против Динамо.

„Тоа беше страст и голема еуфорија и не убав пример. Сепак, јас сум професионалец и се однесувам според тоа каде играм. На кого му пречи тоа и ме навредува, не ме интересира“, изјави Ристовски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Две асистенции на Гулер, проектил од Родриго и нов кикс на Реал во меч со шест голови (Видео)

Фудбалерите на Реал Мадрид играат многу ефикасни натпревари оваа сезона, но често им изост…