Третиот репрезентативен голман и член на Работнички, Ристе Јанков кариерата ќе ја продолжи во Казахстан.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Според последните информации, Јанков има договорен трансфер во редовите на казахстанскиот прволигаш Каспиј. Пред македонскиот чувар на мрежата беа понуди од Војводина и Берое, но на крајот се одлучи за понудата од Казахстан.
Минатата сезона овој тим во првенството на Казахстан заврши на осмата позиција додека сезонава амбициите на тимот се уште поголеми.