Дома Македонски спорт Мак фудбал „Дојде тука да ги научиш првите голмански вештини, поминаа цели 16 години“, Работничкисе збогуваше со Јанков

„Дојде тука да ги научиш првите голмански вештини, поминаа цели 16 години“, Работничкисе збогуваше со Јанков

Ристе Јанков денес и официјално беше промовиран во нов голман на Каспиј од Казахстан.

По потврдата за трансферот неговиот клуб, Работнички каде што ја помина целата досегашна кариера му се заблагодари и му посака среќа.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


„Дојде во ФК Работнички со желба да ги научи првите голмански вештини. Неговиот талент беше воочлив уште од најрана возраст, а во нашиот клуб мина цели 16 години и израсна во врвен голман од репрезентативен калибар. Се калеше низ поразите, се радувавме на победите, заедно прославивме многу трофеи.

Ристе Јанков ја продолжува кариерата во Каспиј, прволигашот од Казахстан, и се надеваме дека тоа ќе биде само еден чекор кон врвна европска кариера каква што и заслужува.

Ристе, благодариме за се!“, гласи пораката на дебармаалци.

Фото: ФК Работнички

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Вардар се засили со дефанзивецот Пинтер

Вардар започна со засилувања за пролетниот дел од сезоната. Нов играч на најтрофејниот мак…