Дома Фудбал „Рисовите“ слетаа во Тбилиси!

„Рисовите“ слетаа во Тбилиси!

Од Тбилиси Јовица Симоноски

Предмалку фудбалерите со стручниот штаб пристигнаа во Тбилиси за натпреварот во петок против Грузија.

Селекторот, Благоја Милевски пред овој натпревар се соочи со сериозни проблеми во составот. Голем број репрезентативци не се во натпреварувачка форма, а тука беа и повредите. Од планираниот состав отпаднаа прво Дарко Чурлинов, а потоа Валон Етеми, Аријан Адеми и капитенот Стефан Ристовски. Дополнително беше повикан дефанзивецот на Шкендија, Егзон Бејтулаи.

Сепак и покрај проблемите сигурно дека македонските репрезентативци нема да се откажат и веруваат во победа која ни е единствена опција за да останеме во игра за првото место во групата.

Натпреварот против Грузија го играме во терминот од 18:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Станојевиќ по четврти пат во Партизан, Петровиќ со силна порака за Илиќ

Александар Станојевиќ го наследува Саша Илиќ, а спортскиот директор Радосав Петровиќ порач…