Дома Фудбал Останато Ривалдо му одговори на Ван Гал: Не му се допаѓаат играчи како Меси, Нејмар и Роналдо поради една цел

Ривалдо му одговори на Ван Гал: Не му се допаѓаат играчи како Меси, Нејмар и Роналдо поради една цел

Неодамна Луис Ван Гал крена прашина во јавноста со изјавата во која ги критикуваше Меси, Нејмар и Кристиано Роналдо.

Ван Гал ги критикуваше тројцата, но во преден план го истакна Меси и му порача да се запраша зошто Барселона нема успех во Европа во последните четири години.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Колку пати Барселона ја освои Лигата на шампионите со оној кој за кој кажуваат дека е најдобар играч во светот? Погледнете го и Нејмар, колку тој освои такви трофеи, а зборуваат дека е еден од најдобрите на планетата? Тоа се добри индивидуалци, но не и тимски играчи. „Меси би требало да се запраша како е можно толку долго, веќе четири сезони да не го освои најважниот трофеј во клупскиот фудбал“, гласеше изјава на Ван Гал за „Ел Паис“.

Сега на Холанѓанецот преку социјалните мрежи му одговори бразилската легенда Ривалдо.

„Меси, Нејмар и Кристиано се играчи кои можат да направат разлика на теренот. Тие прават работи како да не се од овој свет и ниту тренерите не знаат како им успева. Но, на многу тренери таквите играчи не им се допаѓаат и тоа е од едноставна причина затоа што сакаат после победите тие да бидат најзаслужни. Затоа зборуваат дека се добри индивидуалци. Играв фудбал 24 години и познавам тренери кои беа нормалн играчи додека играа, а има и некои кои никогаш не биле фудалери. Како тренери тие сакаат да кажат дека нивниот тим игра и победува тимски за сите заслуги да одат кај нив“, порача Ривалдо преку неговиот Инстаграм профил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Арне Слот потврди: Преговорите се во тек, сакам да бидам тренер на Ливерпул

Eкипата на Ливерпул и холандскиот тренер Арне Слот се блиску до договор за соработка, потв…