Легендата на Барселона, Ривалдо нема дилеми кога е во прашање иднината на Лионел Меси на „Камп Ноу“.
Аргентинецот влезе во последната година од договорот и на лето ќе биде слободен агент, па медиумите шпекулираат дека ќе си замине од „Камп Ноу“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Меси и минатото лето изрази желба да ја напушти Барселона, но сега расположението се промени откако за претседател беше назначен Лапорта.
„Барса напредуваше во последните недели, Меси е во одлична форма, а очигледно дека на тимот влијаеше промената на претседателот. Меси изгледа посреќен од кога се врати Лапорта, па од таа причина верувам дека големи се шансите да остане на Камп Ноу“.
„Верувам дека ќе се договори со новото раководство и ќе остане во Барселона уште неколку години. Доаѓањето на Лапорта многу ги зголеми шансите Лео да остане“, смета Ривалдо.