Дома Фудбал Рибери ја дозна казната за туркањето на судијата

Рибери ја дозна казната за туркањето на судијата

Фиорентина вчера беше поразена од Лацио во рамките на италијанската Серија А, а после натпреварот во центарот на вниманието се најде Франк Рибери.

Рибери претера со реакцијата и на два пати турна еден од судиите за што во тунелот доби и црвен картон.

Беше јасно дека за овој потег го очекува суспензија од дисциплинската комисија на Серија А. Одлуката за суспензија на Французинот пристигна вечерва и може да се каже дека добро помина. Рибери заработи суспензија од три натпревари.

Со оваа суспензија тој ќе ги пропушти натпреварите со Сасуоло, Парма и Каљари, а на теренот ќе се врати за еден месец, после последната репрезентативна пауза оваа година.

Покрај Рибери казна доби и тренерот Виченцо Монтела исто така поради реакции кон судиите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Челзи има повеќе оружја, Сити ја има Шо: Што ќе го реши женското дерби?

Двата тима се непоразени по девет кола, но до головите стигнуваат на различен начин. Челзи…