Дома Трансфер зона Рибери ја добил првата понуда, но Баерн ја одбил – сака да го испрати како што заслужува

Рибери ја добил првата понуда, но Баерн ја одбил – сака да го испрати како што заслужува

Познато е дека Франк Рибери нема да го продолжи договорот со Баерн Минхен, а Французинот веќе започна да добива понуди.

После 12 години Французинот ќе го напушти Минхен, но нема да стави крај на кариерата иако во април ќе наполни 36 години.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Доби Рибери понуда веќе овој јануари да го напушти Баерн. Турскиот гигант Галатасарај му понуди договор на година ипол.

Сепак, Баерн ја одбил понудата и сакаат Рибери до крај да ја одигра неговата последна сезона во нивниот клуб и да го испратат на величенствен начин.

Французинот за скоро 12 години колку што се наоѓа во клубот одигра 409 натпревари, постигна 122 погодоци и освои 21 трофеј.

https://www.youtube.com/watch?v=mp1sHcUC7sQ&t=1s

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Не е само Трајков: Брера пред продажба и уште четири фудбалери за рекордна сума!

Тимот на Брера ја оствари целта која беше поставена и се избори за опстанок во најсилната …