Дома Трансфер зона Рибери пред враќање во Серија А

Рибери пред враќање во Серија А

Ветерано Франк Рибери е слободен агент, а како што стојат работите ќе се врати во Серија А.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Италијанските медиуми објавија дека 38-годишниот Французин постигнал договор со Верона и соработката наскоро треба да биде официјализирана.

Откако ја напушти Фиорентина Рибери преговараше со неколку клубови, се споменуваше враќање во Баерн со кој и тренираше, но тоа нема да се случи. Според најавите неговото пристигнување во Верона треба да биде многу брзо комплетирано.

Во кариерата Рибери осумпати беше шампион на Германија, шестпати го освои Купот на Германија и ја освои Лигата на шампионите. Последните две сезони ги помина во дресот на Фиорентина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…