Дома Трансфер зона Рибери е новиот кандидат за трансфер во Кина – Пред себе има ОГРОМНА понуда!

Рибери е новиот кандидат за трансфер во Кина – Пред себе има ОГРОМНА понуда!

Французинот од редовите на Баерн Минхен, Франк Рибери можеби ја игра последната сезона во дресот на германскиот гигант.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Рибери боите на клубот од Минхен ги брани уште од 2007 година кога пристигна од редовите на Марсеј и остави длабока трага во историјата на овој клуб.

Сепак, на крајот од сезоната Рибери би можел да направи голем трансфер во Кина каде што би заработувал огромни 40 милиони евра годишно.

Сегашниот договор на Французинот истекува на крајот од сезоната, а тој сеуште не добил понуда за продолжување на истиот, па токму тоа е причината поради која започнаа шпекулации за неговото заминување.

Рибери во изјава за германските медиуми откри дека веќе одбил одредени понуди од Кина, но не ја исклучи можноста за трансфер идното лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…