Дома Трансфер зона Решение за одбраната: Зидан го сака НЕГО по секоја цена

Решение за одбраната: Зидан го сака НЕГО по секоја цена

Реал Мадрид покажува сериозен интерес за дефанзивецот на Интер, Милан Скриниар, пренесува „Дон Балон“.

„Кралевите“ имаат проблеми во одбраната од почетокот на сезоната, па Зидан смета дека 24-годишниот Скриниар би бил идеално засилување.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Раководството на Реал Мадрид наводно веќе почнало да работи на трансферот и се очекувада ја испрати првата понуда уште во јануари.

Меѓутоа, тоа воопшто нема да биде лесна задача за „кралевите“, бидејќи од Интер не сакаат да слушнат да се разделат од својата ѕвезда. Притоа, интерес за Словакот покажува и Манчестер Сити, кој нема да жали пари да го донесе на „Етихад“.

Скриниар пред две години пристигна во Интер за 34 милиони евра и се етаблираше во еден од најдобрите дефанзивци во Европа, па неговата цена драстично порасна.

Шпанските медиуми тврдат дека Скриниар е трансфер цел број еден на „кралевит“ и нема да жалаат пари да го донесат на „Сантиаго Бернабеу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го продава Рафиња за да се засили со играч од 50 милиони евра?

Крилниот напаѓач на Атлетик Билбао, Нико Вилијамс има откупна клаузула од 50.000.000 евра,…