Дома Фудбал Ретко видена сцена: Судијата бараше автограм од Халанд 🎥

Ретко видена сцена: Судијата бараше автограм од Халанд 🎥

Maнчестер Сити ја победи Борусија Дортмунд со 2:1 во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Меѓутоа она што привлече посебно внимание е сцената на крајот од овој натпревар. Имено, еден од помошните судии на овој натпревар бараше автограм од Халанд.

Судијата го запре Халанд и доби автограм од Норвежанецот. Ваквата ситуација ја коментираше Пеп Гвардиола после натпреварот.

„Можеби е фан и ја искористи приликата. Зошто да не, судиите одлично си ја завршија работата“, изјави Гвардиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал – Манчестер сити 2:2: Тимбер во 83. минута го спаси бодот, Арсенал остана шест бода пред Сити

Арсенал и Манчестер сити ремизираа 2:2 на „Емирејтс“. Халанд и Енцо Фернандез двапати го с…