Фудбалската федерација на Македонија се реши да ги награди репрезентативците за борбеноста која ја покажаа во Тблиси.
Македонија вчера одигра 1:1 против Грузија на гостински терен. Македонија повеќе од половина час играше со играч помалку, но сепак на крајот успеа да освои важен бод.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
По овој бод репрезентативците се наградени со 30.000 евра и ако се сметаат претходните 30.000 за победата против Ерменија овие четири бода за фудбалерите носат вкупна премија од 60.000 евра.
Коментари