Дома Фудбал Репрезентативецот на Словенија му одговори на Вучиќ

Репрезентативецот на Словенија му одговори на Вучиќ

Словенечкиот репрезентативец Жан Карничник се огласи откако беше спомнат од претседателот на Србија Александар Вучиќ.

Вучиќ додека зборуваше за настапот на српската репрезентација за натпреварот со Словенија кажа дека неговата репрезентација примила гол од играч на Целје кој има плата 5.000 евра месечно.

„Да, го слушнав тоа, секаде кружи таа снимка. Можам само да го поздравам, сметам дека е разочаран, па затоа проверил и знае колкава ми е платата. Не можам нешто повеќе да додадам“, изајви словенечкиот репрезентативец.

Ќе потсетиме, Словенија ја помина групната фаза и во осминафиналето на Европското првенство ќе игра против Португалија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бод ја носи Италија понатаму, но Манчини не сака калкулации против Белгија

Италијанците со реми ќе обезбедат четвртфинале во Лигата на нации, но Манчини бара победни…