Дома Трансфер зона Рен потврди дека преговара со ПСЖ и Манчестер Јунајтед за Камавинга

Рен потврди дека преговара со ПСЖ и Манчестер Јунајтед за Камавинга

Спортскиот директор на Рен, Флориан Морис потврди дека клубот започнал преговори со ПСЖ и Манчестер Јунајтед за трансфер на Камавинга.

18-годишниот играч за врска важи за најголем француски талент и го привлече вниманието на многу европски гиганти.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Постојат преговори во моментов со овие клубови. До сега немаме постигнато договор со ниту еден клуб. Засега Камавинга останува наш играч. Ќе ги разгледаме сите понуди кои ќе пристигнат, но не сме приморани да го продаваме играчот“, изјави спортскиот директор на Рен.

Според информациите на француските медиуми Рен за слободата на својот „бисер“ бара 50 милиони евра, додека ПСЖ и Јунајтед се спремни да платат помеѓу 30 и 40 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Познато првото летно засилување за Јувентус

Лазар Самарџиќ ова лето беше на чекор од трансфер во Интер, а сега во трката за неговиот п…