Ренато Санчез ова лето беше блиску до трансфер во Милан, но на крајот се одлучи за Пари Сент Жермен.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Меѓутоа, Португалецот не добива голема минутажа во Париз и главно ја грее клупата за резерви, па не доби повик и за Мундијалот.
Бидејќи не може да се избори со големата конкуренција во ПСЖ, Санчез е спремен да ја промени средината уште во јануари.
Најсилен интерес за него покажуваат Милан и Јувентус, кои веќе стапиле во контакт со неговиот агент и работат на трансферот.
Италијанските гиганти го сакаат Португалецот на позајмица со право на откуп следното лето.