Арон Ремзи во слободен трансфер ова лето од Арсенал премина во редовите на Јувентус.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Ремзи синоќа одигра 20 минути во пријателскиот натпревар против Триестина, а сега се надева на деби во Серија А која започнува следната недела.
„Се чуствувам добро. Имав добра рехабилитација, па се надевам дека сега ќе останам во кондиција и ќе му помогнам на тимот колку можам.“ – изјави Ремзи.
„Многу сум возбуден што сум дел од него (италијанскиот фудбал). Започнуваме во сабота, па се радувам за тоа и своето деби. Многу се радувам.“
Ремзи пристигна повреден и синоќа му беше прв натпревар од 18. април.
„Беше тоа посебен момент да го облечам овој познат дрес. Среќен сум што вечерва добив прилика.“