Дома Фудбал Англија Рекордите се важен стимул: Еве зошто Ливерпул ќе игра до крајот на сезоната

Рекордите се важен стимул: Еве зошто Ливерпул ќе игра до крајот на сезоната

Ливерпул после цели 30 години ја освои шампионската титула во Премиер лигата и тоа на супериорен начин, па „црвените“ станаа тим кој најрано во историјата ја освоиле титулата, според бројот на одиграни натпревари.

Големата цел е постигната, но тимот на Клоп има за што уште да игра до крајот на сезоната. „Црвените“ веќе отпаднаа од ФА Купот и ЛШ, па единствен стимул ќе му биде да ги подобри рекордите до крајот на сезоната.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ова се рекордите кои Ливерпул може да ги подобри:

-Најмногу победи во рамките на една сезона.

Во моментов „црвените“ имаат 28 победи во 31 коло. Рекордот го држи Манчестер Сити со 32 победи, па Ливерпул може да го собори тој рекорд.

-Најмногу бодови во една сезона – 100

И овој рекорд го држи Манчестер Сити од сезоната 2017/18. Во моментов Ливерпул има 86 бода и уште седум натпревари до крајот.

-Најмногу победи на домашен терен – 18

Три клуба го држат овој рекорд, Челзи (2005/06), Манчестер Јунатед (2010/11) и Манчестер Сити (2018/19). До овој момент „црвените“ имаат 16 победи на домашен терен.

-Најголема разлика пред вториот

Во сезоната 2017/2018 Манчестер Сити ја освои титулата со 19 бодови предност пред второпласираниот тим. Ливерпул во овој момент има 23 бода предност и ако ја задржи до крајот или остане барем на 20 повеќе ќе го собори овој рекорд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Готово: Конте и Наполи се договорија

Како што пренесуваат италијанските медиуми Антонио Конте од следната сезона ќе седне на ко…