Дома Останати Кошарка НБА Рекордите кои ги сруши Јокиќ во првиот натпревар од финалето против Мајами

Рекордите кои ги сруши Јокиќ во првиот натпревар од финалето против Мајами

Денвер го победи Мајами во првиот натпревар од големото финале во НБА лигата.

Лидер на Денвер и во овој натпревар беше Никола Јокиќ, српскиот центар оствари трипл-дабл, а успеа да сруши и неколку рекорди.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Никола Јокиќ и Леброн Џејмс се единствените двајца играчи во последните 25 години кои на полувремето во еден финален натпревар имале 10+ поени и 10+ асистенции.

Јокиќ стана осми играч во историјата кој направил трипл-дабл на стартот од финалето, но никој не постигнал 27 поени.

Српскиот кошаркар стана само вториот играч во историјата НБА кој во финалето дебитирал со трипл-дабл учинок. Првиот беше Џејсон Кид.

Со 14 асистенции Јокиќ е центарот со најмногу асистенции во прв натпревар во НБА финале.

Само три играчи во НБА лигата во текот на еден плје-оф имале 450+ поени, 200+ скокови и 150+ асистенции. Тоа се Лери Бирд, Леброн Џејмс и Никола Јокиќ.

Вториот натпревар од финалната серија се игра ноќта помеѓу недела и понеделник од два часот наутро.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Баерн спрема нова понуда за Араухо

Баерн Минхен не се откажува од дефанзивецот на Барселона, Роланд Араухо, пренесуваат герма…