Фудбалерите на Реал Мадрид синоќа беа поразени на гостувањето против Еспањол и на екипата на Зинедин Зидан и е потребно чудо за на крајот да ја одбрани титулата шампион на Шпанија.
Флорентино Перез веќе има планови за на лето, а како што сега стојат работите, ќе направи голема реконструкција во екипата, барем кога станува збор за нападот. Доколку Барселона утре го совлада Лас Палмас, ќе има 16 бода повеќе од Реал, а Зидан може да се спаси со освојување на ЛШ, бидејќи неговиот тим се збогуваше и со Купот на Кралевите оваа сезона. Јасно е дека Реал го очекува голема реконструкција на крајот на сезоната, а Перез веќе има неколку идеи.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Познато е дека главната цел на Реал Мадрид ова лето ќе биде одличниот англиски напаѓач, Хари Кејн. Наводно, Перез е подготвен да одвои дури 200 милиони евра за напаѓачот на Тотенхем следната сезона пристигне на „Сантијаго Бернабеу“. Покрај тоа, претседателот на Реал Мадрид подготвил уште 100 милиони евра за нови засилувања, плус парите кои ќе ги заработи во случај продажбата на Карим Бензема и Герет Бејл, а речиси е сигурно дека тоа ќе се случи. Покрај Кејн, на листата на „Кралевите“ се и Еден Азар и Мауро Икарди.
Јасно е дека познатото трио „BBC“ по оваа сезона ќе влезе во историјата, а Роналдо ќе добие нови „колеги“ во нападот. Сигурно е и тоа дека Бензема и Бејл нема да бидат единствените кои ќе го напуштат клубот, бидејќи на трансфер листата се наоѓаат уште неколку играчи.