Хари Кејн и дружината му одржаа лекција на Ливерпул во дербито на 9-то коло од Премиер лигата и победија со убедливи 4:0.
Кејн го отвори резулутатот уште во 4-та минута откако отпадна целата одбрана на Ливерпул, а само осум минути подоцна му асистираше на Сон за 2:0.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Надежите на Ливерпул ги врати Мохамед Салах во 24-та минута, но тоа беше се што направија „црвените“. Во последните минути од првото полувреме Деле Али погоди за водство од 3:1.
Во второто полувреме гледавме возбудлив и динамичен фудбал, а победата на „петлите“ ја потврди Хари Кејн во 56-та минута за конечни 4:1.