Дома Македонски спорт Резултатот на Бранковски во Токио е нов национален рекорд

Резултатот на Бранковски во Токио е нов национален рекорд

Денес Борјан Бранковски беше првиот од македонската експедиција кој настапи на олимписките игри во Токио.

Бранковски во дисциплината воздушен пиштол на 10 метри го освои 21. место. Од МОК соопштија дека ова е нов национален рекорд.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


„На Олимпискиот турнир во спортско стрелаштво, во дисциплината воздушен пиштол 60, Борјан Бранковски оствари резултат од 573 кругови (или по серии: 94, 93, 98, 95, 96, 97) со пласман на високото 21-во место. Овој резултат е личен и национален рекорд остварен на Олимписките игри Токио 2020 и за само пет кругови Борјан пропушти влез во финалето и борба за Олимписки медал. Со овој резултат, најдобриот македонски стрелец (24 години) докажа дека и тоа како има потенцијал и висок квалитет за уште поголеми дострели на меѓународен план.

Ова е голем успех за Борјан Бранковски и неговиот тренер Јордан Тасевски и веруваме дека допрва овој тандем ќе не израдува со многу високи спортски резултати на национално и меѓународно ниво“, сооштија од МОК.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Објавени номинациите за спортист на Македонија за 2024 година

Објавени се номинациите за спортист и спортистка на годината за 2024 година, а во трката з…