Чави Ернандез (41) постави прилично ригорозни правила откако седна на клупата на Барселона.
Легендарниот фудбалер сака вистински професионализам во тимот и очигледно смета дека во претходниот период фудбалерите го немале доволно. За несериозниот пристап во клубот прва „жртва“ е францускиот фудбалер Осман Дембеле.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Утрово Демебеле не се појавил во предвиденото време во тренинг-центарот. Дембеле задоцнил три минути и тоа ќе го чини. Против Французинот ќе биде отворена дисциплинска постапка затоа што во тренинг центарот пристигнал во 8:33 место во 8:30.
Инаку, Дембеле и претходно знаеше да има проблеми со дисциплината во клубот. Често пати обврските ги сфаќаше прилично несериозно.