Дома Трансфер зона Реал ќе го доведе Ериксен во јануари, но само под еден услов

Реал ќе го доведе Ериксен во јануари, но само под еден услов

Иднината на Кристиан Ериксен и понатаму е главна тема, откако Данецот остана во Тотенхем и после затворањето на летниот трансфер пазар.

Реал Мадрид, кој беше посакувана дестинација на Ериксен, не направи сериозен обид да го донесе во своите редови, а тој ја одби понудата на „црвените ѓаволи“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сепак, Ериксен влегува во последната година од договорот и Тотенхем ќе мора да го продаде во јануари доколку сака да заработи нешто на неговото заминување.

Мадридски „АС“ пренесува дека Реал Мадрид веќе е во неофицијални преговори со неговите менаџери и можно е Данецот во јануари да се пресели на „Сантиаго Бернабеу“, но само под еден услов.

Имено, „кралевите“ мораат во јануари да се ослободат од некој фудбалер, за да имаат простор да го купат Ериксен. Најсериозни кандидати за да го напуштат Реал се Брахим Дијаз, Хамес Родригез, но и Иско е исто така на списокот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го продава Рафиња за да се засили со играч од 50 милиони евра?

Крилниот напаѓач на Атлетик Билбао, Нико Вилијамс има откупна клаузула од 50.000.000 евра,…