Реал Мадрид дефинитивно има намера да создаде тим кој ќе владее со европскиот фудбал во следната деценија.
Нова мета на „кралскиот“ клуб е Флоријан Вирц, еден од најдобрите играчи на Баер Леверкузен, пренесува угледниот германски „Билд“.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Како што се наведува, суперталентираниот 20-годишен офанзивен играч за врска ќе остане во Леверкузен уште една сезона, а потоа во летото 2025 година ќе се пресели во Реал како замена за својот постар сонародник Тони Крос.
Наводно зад целиот трансфер стои познатиот производител на спортска опрема „Адидас“, кој е спонзор на Вирц, но уште поважно долгогодишен спонзор на Реал, а многу слична улога имаше и при трансферот на Џуд Белингам од Дортмунд. .
Вирц оваа сезона одигра 37 натпревари во сите натпреварувања, постигна 11 голови и има 17 асистенции. Тој е еден од најважните играчи во „машинеријата“ на Чаби Алонсо, а би требало вистинско чудо да не ја прослави првата шампионска титула на Германија во клупската историја со Леверкузен.
Се очекува да биде и стартер во германската репрезентација на претстојното Европско првенство. Неговата сегашна вредност се проценува на 110 милиони евра.