Реал Мадрид веќе работи на засилување на тимот за следната сезона, а приоритет ќе биде засилување на десната бековска позиција.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
На таа позиција Реал го има само Карвахал, кој веќе е во фудбалска зрелост, а прво име на списокот е Трент Александер-Арнолд од Ливерпул.
Со завршување на ерата на Јирген Клоп во Ливерпул ќе се случат голем број промени на „Енфилд“, па се очекува дел од играчите да си заминат во следниот период.
Вредноста на Александер-Арнолд изнесува 70 милиони евра, па „кралевите“ во следниот период се очекува да испратат понуда до премиерлигашот.