Дома Топ вести Реал стравува, Варан може да тргне по стапките на Рамос

Реал стравува, Варан може да тргне по стапките на Рамос

Во Реал Мадрид стравуваат дека Рафаел Варан може да одбие да потпише нов договор, пренесува „Марка“.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Дефанзивецот има договор со „кралскиот“ клуб до 2022 година и доколку не стави потпис на нов договор на лето ќе мора да биде продаден.

Пари Сент Жермен и Манчестер Јунајтед покажуваат најсериозен интерес за Французинот, а бидејќи влегува во последната година од договорот неговата цена ќе биде 50 милиони евра.

Варан е на „Сантиаго Бернабеу“веќе 10-та сезона и моментално заработува 6 милиони евра. Во исто време медиумите тврдат дека клубот на Алаба му предложил скоро двојно – 11 милиони евра.

Тоа воопшто не му се допаднало на Варан, кој сега бара 11 милиони евра по сезона за да го продолжи договорот со „кралевите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Седлоски: Нема пријателски натпревари, одиме на победа против БиХ во Сараево!

Селекторот на Македонија, Гоце Седлоски кажа дека неговиот тим има јасна задача на пријате…