Карло Анчелоти сака да го засили средниот ред на Реал Мадрид во зимскиот преоден рок, пренесуваат шпанските медиуми.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
По заминувањето на Каземиро „кралевите“ сакаат да доведат квалитетен играч за врска, а првата желба на Анчелоти е Себастијан Лоботка од Наполи.
Лоботка игра феноменална сезона во Наполи, а новинарот Санти Оуна објави дека Реал Мадрид е спремен да понуди од 70 милиони евра за неговиот потпис.
Сепак, мали се шансите Наполи да се раздели со својата ѕвезда на средина од сезоната, особено поради фактот што се бори за Скудетото.
Лоботка во минатото играше во Шпанија, за Селта Виго, па нема да им проблем да се адаптира во Примера.