Велшанецот е на продажба и тоа е јасно, тврдат шпанските медиуми.
Според медиумите во Шпанија, Реал Мадрид ќе го продаде Герет Бејл но само ако сумата биде 90 милиони евра и ниту евро помалку.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Проблемите за Бејл се честите повреди, но се покажа дека кога е здрав е од големо значење за Реал. Впрочем покрај сите повреди и пропуштени натпревари освои три титули во Лигата на шампионите и титулата во Шпанија, па никој не може да каже дека Перез погреши кога го доведе од Тотенхем.
Интерес за Бејл покажа и Манчестер Јунајтед, но за ваков расплет има малку шанси. Прво Мурињо не е заинтересен за офанзивни играчи и тешко дека ќе понуди повеќе од 60 милиони евра, нити пак ќе се согласат на размена за Де Геа.
Освен Јунајтед се споменуваше и ПСЖ, но Реал го сака Нејмар, а ПСЖ не ни помислува на такво нешто.
Поранешниот клуб на Бејл, Тотенхем, нема пари за трансфер, а ако Бејл прифати да се врати во размена за Кејн, проблем би била неговата плата која Тотенхем не може да си ја дозволи.