Дома Трансфер зона Реал спремен да го жртвува Винисиус поради Мбапе

Реал спремен да го жртвува Винисиус поради Мбапе

Реал Мадрид не се откажува од намерата да го донесе Килијан Мбапе на „Сантиаго Бернабеу“, иако ПСЖ во моментов не сака да слушне за продажба.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


До сега во Мадрид пристигна само Давид Алаба, а Перез се обидува да се ослободи од некои фудбалери како Себаљос, Одриозола, Јовиќ, Дијаз, а сега би можел да го жртвува и Винисиус Жуниор.

Шпанските медиуми пишуваат дека Винисиус е ставен на трансфер листа, а наводно прво му бил понуден на Манчестер Јунајтед на позајмица со обврска да биде откупен.

Реал е спремен да го продаде Бразилецот за 70 милиони евра, бидејќи Анчелоти сака да му даде предност на Еден Азар, а оваа сезона минутажа ќе добива и Герет Бејл.

Винисиус има плата од седум милиони евра, а тоа е дополнителен проблем за екипите кои сакаат да го ангажираат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…