Реал Мадрид има големи планови и сака да ги донесе двајцата најдобри млади фудбалери во светот, Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд за сезоната 2024/25.
Реал Мадрид се оптимисти дека летото 2024 година можат да го доведат Ерлинг Халанд. Весникот „АС“ тврди дека постои откупна клаузула во неговиот договор со Манчестер Сити.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Имено, за активирање на клаузулата Реал Мадрид ќе треба да плати помеѓу 220 и 240 милиони евра.
„Кралевите“ веќе подолго време преговараат со Килијан Мбапе, но се загрижени поради неговата неодлучност, па затоа го зголемуваат интересот кон Халанд.
Меѓутоа, трасферот на Норвежанецот не го исклучува тој на Мбапе, па Реал може на лето да ги доведе двајцата во „пакет“.
🚨 Real Madrid are assessing the prospect of signing Erling Haaland because of concerns about whether Kylian Mbappé will leave PSG to join them.
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) January 11, 2024
(Source: AS) pic.twitter.com/dq0JNVMuD5