Реал Мадрид минатото лето плати 60 милиони евра за Лука Јовиќ, а ова лето би можел да купи уште еден српски репрезентативец.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Имено, шпанските медиуми пренесуваат дека приоритет на Реал Мадрид ова лето ќе биде ѕвездата на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ, кој оваа сезона е еден од најдобрите играчи во Серија А.
Лацио за неговата слобода бара 100 милиони евра, но „кралевите“ се обидуваат да ја намалат цената поради кризата од пандемијата и е спремен да плати 70 милиони евра.
Претставници на Реал се во постојан контакт со менаџерот на СМС и ќе направат се за да го донесат на „Сантиаго Бернабеу“.