Mладите фудбалери на Реал Мадрид ја освоија јуниорската Лига на шампионите откако во финалето ја победија Бенфика со 3:0.
Младинскиот тим на Реал до овој трофеј дојде предводен од клупската легенда Раул Гонзалес. Реал подобро го отвори натпреварот и поведе со 2:0 преку Пабло Родригез (26’) и автоголот на Жоку (45’). Гонцало Рамос во 49 минута намали на 2:1, за само една минута подоцна Рамон Гутиерез да ја врати предноста од два гола на Реал.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Бенфика не се предаваше и Рамос во 58 минута постигна втор гол за 3:2. Рамос имаше шанса и за хет-трик, но промаши пенал на 20 минути до крајот на средбата.
За младинскиот тим на Реал ова е прва титула во јуниорската ЛШ.