Дома Топ вести Реал се откажа од Покетино – навивачите го избраа Клоп

Реал се откажа од Покетино – навивачите го избраа Клоп

Реал Мадрид и официјално се откажа од доведување на Маурисио Покетино на местото наследник на Зинедин Зидан, пренесува „Кадена КОП“, медиумот кој прв ја објави веста за оставката на Зинедин Зидан.

Имено во Реал наводно се надевале дека постои клазула во неговиот договор со Тотенхем и дека ќе можат да го доведат на „Сантиаго Бернабеу“ за симболична оштета.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сепак, повторно се покажа дека Даниел Леви е навистина одличен преговарач и дека не постои таква клазула во богатиот договор на Аргентинецот.

Од друга страна навивачите на Реал Мадрид го кажаа своето и го избраа Јирген Клоп. Имено, во анкетата спроведена од шпанските медиуми дури 50.000 навивачи го дале својот глас за Германецот.

Сепак, Клоп е исто така „невозможна мисија“ бидејќи има долгорочен договор со Ливерпул, па последната информација од Пиринеите е дека „кралевите“ се насочиле кон Маурицио Сари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…