Дома Фудбал Реал сака стопер вреден 60 милиони евра. Веќе му е кажано што да направи за да му падне цената

Реал сака стопер вреден 60 милиони евра. Веќе му е кажано што да направи за да му падне цената

Реал Мадрид во летниот преоден рок ќе се обиде да го пресели чудото од дете на Лил на Сантијаго Бернабеу.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Лени Јоро е означен во клубот како идеално решение за иднината на клубот на стоперските позиции.

Има осумнаесет години, репрезентативец е на Франција до 21 година, а доколку Реал го сака и успее да го доведе ќе мора да потроши цело богатство.

Лил со кој Јоро е под договор до летото 2025 година и самиот играч се свесни за интересот на Реал.

На самиот стопер наводно му било предложено да одбие продолжување на договорот со неговиот сегашен клуб за Реал да го доведе за пониска цена од онаа што Лил моментално ја бара. Таа изнесува 60 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Скопје уште не може да игра во Автокоманда

Скопје и Тиквеш ќе го одиграат утрешниот натпревар на тренинг-центарот „Петар Милошевски“ …