Дома Трансфер зона Реал нуди играч и пари за Руиз, но Наполи има свој план

Реал нуди играч и пари за Руиз, но Наполи има свој план

Кога Наполи минатото лето од Бетис го доведе Фабиан Руиз, веројатно не можеше ниту да поверува каква работа направи.

Младиот 23-годишен играч за врска од тогаш игра одлично, а поради тоа се најде на метата на Реал Мадрид и Барселона, а според последните информации и Манчестер Сити се вклучил во трката.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Двата шпански клуба го обележаа Руиз како играч кој сака да го доведат во јануарскиот трансфер период, а „Кралскиот клуб“ според последните информации подготви и вистинска понуда. Имено, Реал ќе го понуди Иско и 20 милиони евра за играчот на Наполи. По доаѓањето на Зидан, Иско не игра премногу и клубот сака да се ослободи од него во јануари.

Сепак, Наполи нема намера да го продаде својот играч и ќе постави огромна цена со цел заинтересираните клубови да се откажат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Познато првото летно засилување за Јувентус

Лазар Самарџиќ ова лето беше на чекор од трансфер во Интер, а сега во трката за неговиот п…