Дома Трансфер зона Реал мора да продаде играчи за 200 милиони евра?

Реал мора да продаде играчи за 200 милиони евра?

Реал Мадрид ќе мора да заработи 200 милиони евра од продажби за да ја избалансира финансиската година, пишува шпанска „Марка“.

Клубот многу вложи во текот на летото, повеќе од 350 милиони евра за да ги доведе Еден Азар, Едер Милитао, Лука Јовиќ, Родриго и Ферлан Менди.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Имаше и продажби, заминаа: Маркос Љоренте, Кејлор Навас, Раул Де Томас, Матео Ковачиќ, Тео Ернандез, но потрошија повеќе отколку што заработија. Ако не ги избалансираат финансиските документи постои можност од санкции од УЕФА или Ла Лига.

Два играчи кои можеа да донесат голем приход на клубот беа Хамес Родригез и Герет Бејл, но на крајот останаа во клубот. „Марка“ споменува дека Реал ќе се обиде да ги продаде уште во јануари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Тонали е примарна трансфер цел на Јувентус

Најголема желба на Јувентус во летниот преоден рок ќе биде италијанскиот репрезентативец С…