Реал Мадрид внимателно ја следи ситуацијата со ѕвездата на Лил, Џонатан Дејвид и сака да го донесе на „Сантиаго Бернабеу“, пренесува „Марка“.
Реал сериозно го намали буџетот за плати оваа година, продаде неколку фудбалери, па имаат ресурси да бидат многу активни на трансфер пазарот. Најголеми желби се Мбапе и Халанд, но „кралевите“ следат и други фудбалери.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Доколку не успеат да го донесат Халанд, тогаш прва алтернатива е Џонатан Дејвид, кој блеска во дресот на Лил со 15 гола оваа сезона.
21-годишниот напаѓач е мета на многу европски гиганти, а Анчелоти верува дека ќе биде идеална алтернатива за Бензема и играч на кого Реал може да го гради нападот во иднина.