Дома Топ вести Реал Мадрид ја сака ѕвездата на Баерн

Реал Мадрид ја сака ѕвездата на Баерн

Алфонсо Дејвис е еден од играчите кои се на трансфер списокот на Реал Мадрид, пренесуваат шпанските медиуми.

Реал Мадрид на лето сака да се засили на позицијата лев бек, а на врвот на листата желби е токму Алфонсо Дејвис.

Канадскиот репрезентативец има долг договор со Баерн Минхен, но никогаш не ја криел желбата да игра за Реал Мадрид.

Сепак, после заминувањето на Хернандес, Баварците не помислуваат да го пуштат Дејвис ова лето.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Реал сака најпрво да го продаде Менди, а потоа ќе испрати понуда од 70 милиони евра за Алфонсо Дејвис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Сабицер го спаси Дортмунд во 90+3: Вердер падна по луда драма!

Дортмунд испушти 2:0, но Сабицер со слободен удар во 90+3. минута донесе победа од 3:2 над…