Никој не сака на клупата на Реал, барем не оние кои се достојни…
Реал Мадрид се наоѓа во навистина неверојатна ситуација. После оставката на Зидан клубот и понатаму е во шок, не успеваат пронајдат решение, а клупата како да е „електрично столче“ никој не очекуваше дека Реал може да добие три „корпи“ и тоа во три дена!
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Јасно, нивните клубови не сакаат да ги пуштат, но од друга страна тешко е да задржите тренер кој сака да си замине, сето тоа влијае на екипата, ниту еден клуб сигурно не би ризикувал да држи незадоволен стратег на клупата.
За разлика од играчите тренерот може да покаже незаинтересиранот, да едноставно не работи со ентузијазам, сето тоа би влијаело на екипата, па ниту еден клуб нема да ризикува да се најде во таква ситуација.
Започна со Јоаким Лев, кој воопшто не сакаше да преговара. Германецот истакна дека не размислува за Реал и дека има работа и договор до 2020 година.
Покетино беше заинтересиран, но едноставно не покажа желба за било каков судир со Тотенхем. Беше јаснен, не сака неговата лојалност да се доведе во прашање бидејќи неодамна Тотенхем го награди со договор вреден 10 милиони евра годишно.
Поради тоа нема никакви преговори, ниту притисок, тој ќе остане во Лондон.
Третата мета беше Масимилијано Алегри.
Наредната година можеби, оваа – „не“. Пораката беше јасна. Јувентус би морал да го пушти, ако тој сака да замине. Реал го известил клубот, дури и преку Галијани го коктатирал Алегри, но тој истакна дека ова лето такво нешто е невозможно.
Како и да е Реал доби „корпа“ од три тренери за три дена! За Јирген Клоп нема ни потреба да се пишува, тој е идеја на навивачите, но Перез не се ни обидел да стапи во контакт.
На крај, најлошо е што на Реал му се брза, но решение нема. Се споменуваа Ландруп, Гути, се најавуваше и Сари, но јасно е дека секој од нив би бил принудно решение, а не вистинска желба на Перез.